3. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Има ли „Алказар Енерџи“одобрение за градба или не, каков е бизнис интересот на Божиновска и Мицкоски?

Интегрален текст од денешната прес-конференција на Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ:

Почитувани,

Наместо да се искористи за стабилизирање на енергетскиот систем и поевтина струја за граѓаните и компаниите, македонскиот ветер ќе полни приватни џебови.

Владата на ВМРO-ДПМНЕ прави класична распродажба на националните ресурси од македонската енергетика.

Иако Владата го претставува ветерниот парк на „Алказар“ како историска инвестиција – фактите говорат нешто сосема поинаку.

Моделот на „Алказар Енерџи“ е јасен: развиј, изгради и продади.

Токму тоа се случи со нивниот прв фонд – проектите развиени на Блискиот Исток беа продадени 100% на кинески државен конзорциум.

Па прашањето не е дали ветерниот парк ќе биде продаден, туку кога и на кого.

Нема ништо стратешко овде, освен ако измамата за граѓаните не е стратешки планирана.

Кој е вистинскиот бизнис интерес на Мицкоски? Дали тука се вклучени и контроверзни имиња од регионот, добро познати од трговијата со струја? Дали со нив соработувал тандемот Мицкоски – Божиновска?

Пред една година од ВМОР-ДПМНЕ тврдеа дека паркот ќе обезбеди струја за 100.000 граѓани.
Сега Мицкоски смени лента, од собраниска говорница најавува дека странска компанија ќе ја откупува струјата.

Па, кого навистина ќе снабдува овој проект – народот или приватниот купувач?

Зошто бизнис модел кој се темели на продажба се претставува како долгорочно стратешко партнерство?

Слчајот Алказар Енерџи отвора и серија прашање за тоа дали има одобрение за градба на овој ветерен парк или не?

СДСМ бара јавно да се објави органот кој го издал одобрението за градба и кога истото станало правосилно ако воопшто го има.

Поради временската рамка и законските рокови отворени се сомнежите за нетранспарентност и можно кршење на законите.

Можеби ќе ве интересира

Во август има уште еден неработен ден и се паѓа во четврток – Ова се сите празници до крајот на годината

ДЕСК

Спасовски: Најостро го осудувам националистичкиот говор и навредливите скандирања што се случија за време на спортскиот натпревар во Куманово

ДЕСК

СДСМ: Говорот на омраза се засилува пред избори, силно ги осудуваме навредите на кошаркарскиот меч во Куманово

ДЕСК