2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Реконструирана Клиниката за уво, нос и грло, европски услови со опрема која е реткост во регионот

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски ја посети реконструираната Kлиниката за уво, нос и грло во Скопје.

Во продолжение ја пренесуваме целосната изјава на премиерот:

„Добар ден и од мене.

Јас не би имал што да додадам на ова што го кажа и директорот и министерот, можам само да посакам само да имаат вработените помалку работа, повеќе на превенција да се фокусираме, но веќе кога пациентите ќе ги користат овие простории, услугите на клиниката тогаш да имаат пристојни услови како што сега имаме овде, благодарение на директорот, благодарение на фондот, на министерот, на министерството, на вработените на клиниката, можете да видите едни би рекол европски услови со опрема којашто единствена кај нас во земјата, но опрема којашто е реткост и во регионот.

Така што навистина сакам да им честитам и да им посакам во таа насока и да се движат и понатаму и во таа насока и да работат.

Јас немам што друго да додадам освен да се придружам би рекол на сето она што го кажаа директорот и министерот.“

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Илинден е симбол на жртвата која генерации пред нас ја дале за слободна Македонија – ова е ден кој нé обединува

ДЕСК

Одбележување на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката

ДЕСК

Гаши: Овој ден е симбол на историската борба за слободно, еднакво и демократско општество

C +