16. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација
-МАКЕДОНИЈА

Двајца малолетници тешко повредени откако излетале со голф кај Радолишта

На 30.07.2025 во 22.10 часот во ОВР Струга било пријавено дека на локален пат во струшкото село Радолишта, патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 17 – годишник од струшкото село Франгово, излетало од патот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Додека, 15-годишниот сопатник од селото Заграчани се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница во Струга. Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Струга.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“ – Росица сведочела за заканата од Илија кој подоцна ја уби

C +

СДСМ: Шамар за скопјани-ВМРО-ДПМНЕ го наградува виновникот за Дрисла со носител на листа во Скопје

C +

Мицкоски: Идентификувани 20-тина лица поврзани со пожарите

C +