3. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Претреси во радовишко, пронајдени дрога и оружје, лишени од слобода две лица

На 30.07.2025 во 16.25 часот во село Тополница, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода лице(37) од село Тополница. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, во дворното место биле пронајдени седум стебла од растението канабис и предмети за нивно одгледување, додека во куќата биле пронајдени 70 семки од канабис и марихуана. Исто така, во домот биле пронајдени и шест ловечки пушки, еден револвер и еден пиштол.

На 30.07.2025 во 20.45 часот во населба Дамјан, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода лице(36) од Радовиш. При претрес во домот во кој престојувал, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана.

Лицата биле задржани во Полициската станица Радовиш, а за настаните бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случаите, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

Во август има уште еден неработен ден и се паѓа во четврток – Ова се сите празници до крајот на годината

ДЕСК

Спасовски: Најостро го осудувам националистичкиот говор и навредливите скандирања што се случија за време на спортскиот натпревар во Куманово

ДЕСК

СДСМ: Говорот на омраза се засилува пред избори, силно ги осудуваме навредите на кошаркарскиот меч во Куманово

ДЕСК