2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: Вложуваме во почиста и поздрава животна средина, 10,7 милиони евра за нова опрема за управување со отпад за 18 општини

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

Влогот во почиста животна средина, е влог во здрава иднина. За таа цел, додека едни преспаа 7 години на ова поле, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи директно и без застанување кон поквалитетна животна средина.

Во Владата беа потпишани 2 договори во вредност од 10,7 милиони евра, кои се обезбедени преку Европската банка за обнова и развој, Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања, Инвестициската рамка за Западен Балкан и Владата на Шведска.

Со овие договори, директно ќе се испорача нова опрема за управување со отпад за 18 општини од Југозападниот и Пелагонискиот регион, како што се Дебар, Струга, Битола, Кичево, Прилеп, Долнени и останати рурални општини.

Мора да напоменеме дека механизацијата е во согласност со европските стандарди и опфаќа контејнери, канти, специјализирани камиони-компактори, скип-лифтови и кипер возила, односно сè што е потребно за ефикасно собирање, транспорт и одлагање на отпадот од страна на комуналните претпријатија во општините.

Подетално, оваа опрема се состои од пластични канти со капацитет од 120 литри, метални контејнери со волумен од 1.1 м³, специјализирани камиони-компактори со капацитет од 8 и 12 м³, скип-лифт возила за собирање на отпад, како и камиони-кипери за транспорт на отпаден материјал.

Оваа нова механизација допринесува за поефикасно собирање, транспорт и управување со отпадот. На овој начин директно се подобруваат условите за работа на вработените, но и на граѓаните.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги гради темелите на промените!

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +