2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ФОТО Министерство за Здравство
-МАКЕДОНИЈА

Алиу: Меморијалниот парк за жртвите од пожарот во модуларната болница во Тетово ќе биде симболичен центар за паметење и ветување дека ова нема да се повтори повеќе

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со вицепремиерот за политики и добро владеење, Арбен Фетаи, повеќе пратеници и со семејствата на настраданите во пожарот во модуларната болница, вчера положија цвеќе на местото каде ќе биде изграден меморијалниот парк за жртвите од пожарот во модуларната болница.

– Денес не почнуваме само со изградба на парк. Започнуваме изградба на колективна меморија. Задоцнета, но неопходна. Пред четири години на ова место се случи трагедија, која не смее да се заборави, но институциите четири години молчеа. Не презедоа ништо, избраа да не гледаат, а тоа молчење беше неправда за тие што ги изгубија животите и за сите тие што секојдневно ја бараат правдата. Овој проект не е за сликање. Овој парк не е украс. Тој е задоцнет одговор што системот требаше да го даде одамна, но денес конечно започнуваме и тоа почнуваме поинаку, истакна во своето обраќање министерот за здравство, Азир Алиу.

Тој појасни дека овој проект е почнат само неколку недели по преземањето на функцијата министер за здравство во насока на одговорност и потенцира дека меморијалниот парк нема да има прави патеки, бидејќи ни животот не бил правичен за овие луѓе.

– Архитектурата ја следи филозофијата на прекината рамка, свиени патеки, дрвја што создава сенка за размислување и рефлексија, симболичен центар за да се памети и да се вети дека ова нема да се повтори повеќе. Немаме луксуз да заборавиме и немаме веќе право да доцниме. Овој парк е повеќе од простор. Тој е културен пресврт, јасна одлука против молчењето покана за размислување и ветување дека институциите мора да бидат блиску до граѓаните. Не само по трагедиите, туку и пред нив. Ние се сеќаваме дејствуваме и градини систем што не заборава, истакна Алиу.

ФОТО Министерство за Здравство

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +