2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на Советот на амбасадори

Сиљановска-Давковав вчера прими претставници на Советот на амбасадори, предводени од претседателката, амбасадорката Александра Наќева Ружин. На средбата присуствуваа и амбасадорите: Мухамед Халили, Љупчо Арсовски, Иљаз Сабриу, Тихомир Илиевски и Ивица Боцевски.

Тие изразија подготвеност за соработка и поддршка на институцијата Претседател, преку утврдувањето на надворешно-политичките приоритети, независни и стручни анализи, јавни дебати, совети и консултации за меѓународните прашања.

Беа детектирани потенцијалните области за меѓусебна соработка и понудени идеи, предлози и иницијативи, коишто би придонеле за зајакнување на надворешно-политичките капацитети на државата.

Со цел унапредување на македонската дипломатија, соговорниците ја потенцираа важноста од именување на кариерни амбасадори како прв избор, истакнувајќи го значењето на нивното искуство за соодветно и достоинствено претставување на земјава во светот.

Претседателката ги поздрави амбициите на Амбасадорите за поттикнување на професионален дијалог за прашања од национален интерес и изрази подготвеност за натамошна комуникација. Укажувајќи дека првата слика за државата е најбитна, Сиљановска-Давкова посочи дека искуството и потенцијалот што го имаат членовите на Советот може да претставува драгоцена помош во носењето на одредени одлуки.

На средбата таа ги реафирмираше заложбите за правична застапеност на жените во дипломатијата и придобивките од формирање на Регионален центар за извонредност за жени, мир и безбедност.

Соговорниците разменија мислења за македонската надворешна политика, односите со соседите, за Преспанскиот договор и членството на државата во меѓународните организации.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +