2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова прими претставници на здружението ЕСТИМА

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера ги прими Ана Крстиновска, извршна директорка на истражувачката организација ЕСТИМА, како и проектните менаџери Александра Спасовска и Златко Симоновски.

Истакнувајќи дека организацијата е една од ретките во чиј фокус се надворешната политика и евроинтеграциите, Сиљановска-Давкова оцени дека се потребни што повеќе тинк-тенкови како ЕСТИМА, со научно креирани и аргументирани ставови и предлози коишто ќе се земат предвид при креирањето на надворешната политика.

Крстиновска ја информираше претседателката дека од 2020, работат на проекти во областа на македонските евроинтеграции и надворешната политика. Беше истакната потребата од национална стратегија за надворешната политика и национално единство во нејзината реализација.

Во поглед на македонскиот европски пат, соговорниците се согласија дека очекуваат процесот на интеграција да се спроведе врз основа на Копенхагенските критериуми, со очекување односот кон нас, да се менува во согласност со нашиот напредок во развојот на демократијата и економијата.

Претставниците на ЕСТИМА сметаат дека политичките разговори со Бугарија треба да продолжат, но и да се прошират и на други области од заемен интерес, како економијата, културата, науката, образованието и спортот.

На средбата тие разговараа и за последниот проект на ЕСТИМА, „How to reach sustainable solutions in bilateral disputes? Contributing to “outside the box” policy thinking“, којшто ги разработува билатералните спорови и нивното трајно решавање, во којшто се вклучени експерти од Грција, Бугарија, Франција и од Белгија.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +