1. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Огромни поплави во Пекинг, триесет загинати

Триесет лица загинаа вчера во Пекинг кога обилни врнежи ја погодија кинеската престолнина, јави денес официјалната новинска агенција.

Смртни случаи се регистрирани во планинските северни окрузи на Пекинг – 28 во Мијун и двајца во Јанќинг. Државните медиуми не прецизираа на кој начин луѓето загинале. Обилните врнежи почнале за време на викендот и вчера се засилиле околу Пекинг и околните провинции. Во северните окрузи на главниот град наврнале до 543,4 мимиметри врнежи, објави државната агенција.

Поради дождот, Пекинг пресели 80.322 жители, соопшти новинската агенција Синхуа. Патиштата и комуникациската инфраструктура се оштетени, а 136 села останале без струја од полноќ.

Доцна синоќа, кинескиот претседател Си Џинпинг нареди сопфатна потрага и спасување со цел да се намали бројот на жртви на минимум. Пекинг вчера издаде предупредување за врнежи и поплави од највисок степен и ги советуваше граѓаните да не ги напуштаат своите домови./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мухамед е најпопуларното име за момчиња во Англија, втора година по ред

C +

Франција почна со достава на хуманитарна помош од воздух во Газа

C +

Рубио за Путин: Трамп нема да чека вечно

C +