1. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Северна Кореја: Вашингтон да ја прифати реалноста дека состојбата е сменета

Северна Кореја смета дека желбата на САД за дијалог со неа ќе остане само „надеж“ сè додека Вашингтон не успее да ја прифати реалноста дека состојбата се изменила од времето на претходните самити меѓу двете земји, пренесе државната агенција „КЦНА“.

Ким Јо-џонг, моќната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, за која се верува дека зборува во име на својот брат, рече дека признава оти личниот однос меѓу Ким и американскиот претседател Доналд Трамп „не е лош“.

Но, ако Вашингтон има намера да го искористи тој личен однос како начин за ставање крај на севернокорејската нуклеарна програма, таквиот напор ќе биде само предмет на „исмевање“, изјави Ким Јо-џонг во соопштение пренесено од „КЦНА“.

Американскиот претседател Доналд Трамп останува отворен за соработка со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун со цел целосно укинување на севернокорејската нуклеарна програма, изјави вчера функционер од Белата куќа, откако Северна Кореја рече дека го отфрла секој обид за оспорување на нејзиниот статус на нуклеарна држава./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

76-годишен маж уапсен поради сомнение за труење деца на летен камп во Велика Британија

C +

Трамп: Она што го прави Русија е одвратно

C +

Словенија воведе ембарго на оружје кон Израел

C +