Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во рамки на проектот ,,Се гледаме во маало“, се сретна со жителите на Пролет и Маџир Маало, кои говореа за секојдневната живеачка, проблемите, но изнесоа и идеи кои ќе бидат реализирани.
Реновирање на фасадите се едно од барањата на граѓаните.
„Ние како општина даваме субвенции, покрај кровови и лифтови даваме субвенции и за фасади. Ги повикуваме граѓаните да дојдат во општина да се информираат за да ги искористат овие субвенции за реновирање на фасадите. Тука го сменинивме и поставивме ново осветлување, поставуваме и нова урбана опрема која што редовно треба да се сервисира“, рече градоначалникот Герасимовски.
Со градот, рече, водиме поголема војна редовно да го сервисираат проблемот со кабастиот отпад. Општината неколку пати во текот на годината организира акции за собирање на кабаст отпад и има и телефонски линии за оние кој што им треба помош во делот на отсранување на отпадот од домовите.
Мора да се најде решение и за проблемот во Маџир Маало со брзото возење коли и мотори, ќе се направат нови патни премини, но каде што е потребно ќе се постават и лежечки полицајци.
Во новиот ДУП, рече градоначалникот предвидена е нова градинка во Маџир Маало.
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...