Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Screenshot/МВР
МАКЕДОНИЈА

За инцидентите со секира во Струмица, полицијата уапси едно лице – по друго распишана потерница

Во врска со видеото кое беше обајевено на социјалните мрежи, за настан случен на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, од страна на полициски службеници од СВР Струмица веднаш е утврден идентитетот на сторителите, односно утврдено е дека учесници се С.А.(49) од Струмица и Ќ.Д.(32) од Штип.

Пронајден е и лишен од слобода С.А., со кого е извршен службен разговор во просториите на СВР Струмица, а за Ќ.Д. кој по настанот се дал во бегство е објавен централен распис за негово пронаоѓање.

За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки од страна на полициски службеници од СВР Струмица се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Орце Ѓорѓиевски потврди: Отпуштени 371 работник од јавните претпријатија во Скопје

ДЕСК

ДОАЃА МНОГУ ДОЖД И НЕВРЕМЕ: Синоптичарите со 4 дневна прогноза

ДЕСК

( ФОТО) И премиерот Христијан Мицкоски се појави на стартот на акцијата за чистење на Скопје

ДЕСК