Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: СДС додека ја спроведува бугарската агенда паралелно е и политички чадор на ДУИ за спас на кариерата на Ахмети

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

СДС се претвори во политички чадор на ДУИ. Наместо конструктивна опозиција и коректор на власта СДС избра да ја одржува кариерата на Али Ахмети и да ја врати ДУИ на власт.

Спрегата СДС- ДУИ преку политичка соработка прерасна во коалиција за заштита на криминалните интереси, заштита на ДУИ и обединување со една заедничка цел, спас на кариерата на Ахмети и враќање на ДУИ на власт.

Дали СДС е заштитник или заложник на ДУИ? Со што толку Ахмети ги задолжи Заев и Филипче што по секоја цена се обидуваат да му ја спасат политичката кариера?

Активната соработка на СДС оди до таму што се жртвуваат реформски и државни интереси само заради опстанок на коалицијата.

СДС нема црвени линии, со прифаќањето на уценувачките позиции во односите со Бугарија и потпишувањето на договори што го загрозуваат идентитетот, СДС свесно и со намера се стави во служба на бугарската политичка агенда.

Народот ја препозна оваа спрега СДС-ДУИ, која не е за унапредување на државата туку за уназадување.

Време е за заштита на националниот интегритет, јасна борба против корупцијата, политичкото калкулантство и надворешните диктати.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

ДЕСК

Министерот Минчев на средба со амбасадорот на Кралството Шведска Сулстром

ДЕСК

Нови услуги за полесно паркирање во Општина Центар

ДЕСК