Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Полицијата уапси повеќе возачи поради возење под дејство на алкохол

Денеска (26.07.2025) во 03.20 часот на улицата „Александар Македонски“ во Македонска Каменица, полициски службеници лишија од слобода лице(28) од Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „ауди“, управувано од приведениот. и било утврдено дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2.04 промили алкохол во крвта.

Исто така во Македонска Каменица, на 24.07.2025 во 23.02 часот на улицата .„Гоце Делчев“ полициски службеници го лишија од слобода лице (49) од село Жиганци, општина Чешиново-Облешево, затоа што управувал патничко возило „шкода“ под дејство на алкохол, односно имал 1,55 промили алкохол во крвта.

Денеска (26.07.2025) во 00.20 часот на улицата „Искра“ во Кочани, полициски службеници го лишија од слобода лице(21) од Кочани, кој управувал патничко возило „сузуки“ со 1,56 промили алкохол во крвта, утврдени при контрола во патниот сообраќај.
Исто така денеска, во 02.10 часот во Виница, полициски службеници го лишија од слобода лице(33) од Кочани. При контрола во патниот сообраќај, било констатирано дека приведениот управувал патничко возило „голф“ со 1,57 промили алкохол во крвта.

Лицата се веднаш исклучени од сообраќај и задржани во полициска станица. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕСВРТОТ КОЈ СИТЕ ГО ОЧЕКУВАМЕ ДОАЃА, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ ПАДНАТ И ДО 10 СТЕПЕНИ – Метеоцентар за дождовите и грмежите и доаѓањето на посвежо време, детална прогноза

ДЕСК

Демант: Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, станува збор за вежба на МВР

ДЕСК

АПЕЛ ОД СВР СТРУМИЦА: Доколку се наоѓате во струмичката населба Софилар веднаш напуштете го тоа подрачје – настанат е пожар

ДЕСК