Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

Скокнал од карпа висока 17 метри: германски турист повреден додека скокал во морето во Хрватска

Напливот на адреналин речиси довел до трагедија на една од плажите во Хрватска, но поради брзата интервенција на надлежните служби, германски турист, кој бил повреден додека скокал во морето, бил спасен, пренесуваат медиумите во регионот.

Инцидентот се случил во средата доцна попладне, на плажа во Хрватска. За да му се помогне што побрзо на туристот на непристапниот терен, на плажата слетал хеликоптер, пишува „Нови лист“.

Повредениот турист бил префрлен со хеликоптер во болница и, според последните информации, неговиот живот е надвор од опасност.

Вистинската драма на популарната плажа ја виделе капачите.

Пет туристи решија да скокнат во морето од карпа висока 17 метри, која во Брсеч се нарекува Лозаров столб.

Првиот скок, иако многу ризичен, помина без проблем, но за време на вториот скок, еден од нив се повреди и му беше потребна медицинска помош, раскажуваат тие.

Благодарение на извонредната координација на службите за итни случаи, за кратко време пристигнаа и пожарникари од Опатската противпожарна станица, а повредениот турист беше спасен./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Црна Гора: Полицијата приведува и протерува странски државјани, запален бар во турска сопственост

C +

ПО ТЕШКИОТ ИНЦИДЕНТ: Владата на Црна Гора донесе одлука за укинување на безвизниот режим за турските граѓани

ДЕСК

ДАЛЕКУ СМЕ НИЕ ОД СЛОВЕНИЈА: “Паднаа” двајца словенски министри по брутално убиство пред клуб

ДЕСК