Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силен земјотрес го погоди Крит

Земјотрес со јачина од 5,2 степени го погоди грчкиот остров Крит попладнево, со епицентар во морето, југозападно од градот Ханија.

Земјотресот се случил во 16:26 часот по локално време на длабочина од околу 50 километри, според конечните податоци од Националната опсерваторија во Атина (NOA), пренесуваат медиумите во регионот.

Земјотресот бил почувствуван во пошироката област на западен Крит, но според досегашните информации, не предизвикал значителна материјална штета. Локалното население пријавило слабо до умерено тресење. Најсилно бил почувствуван во градот Кисамос, на околу 34 километри од епицентарот. Послаби потреси биле регистрирани и во поголемите градови како што се Ханија, Суда и Ретимно./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Блокадата на владата ја остави Америка без контролори на летање: летовите се одложени со часови

C +

Мерц предупредува: Се подготвуваат депортации

C +

Украина доби нова софистицирана воена опрема од Германија

C +