Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Пукотници во Скопје – полицијата привела едно лице

На 19.07.2025 во 23.05 часот во Скопје на подрачјето на општина Аеродром полициски службеници од СВР Скопје привеле лице(52) од Скопје, а по претходна пријава дека околу 20.45 часот при семејна веселба се слушале истрели од огнено оружје. На местото на настанот полициски службеници извршиле преглед и го затекнале лицето како испукува во воздух од огнено оружје.

Пронајдени и одземени се гасен пиштол марка „Екол Специјал 99“ калибар 9мм и гасни куршуми. Исто така пронајдени се и испукани чаури и подигнати за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.