Претседателот на Алијансата за Албанците, д-р Арбен Таравари, заедно со градоначалникот на општина Варапчиште, Исен Шабани, ќe учествуваат на 4. Меѓународен Самит против трговијата со луѓе (4th International Summit Against Human Trafficking), кој ќе се одржи од 21 до 23 јули 2025 година во Вашингтон, САД.
Овој значаен меѓународен самит собира на едно место државни и локални лидери, претставници на различни влади, меѓународни организации, правосудни институции и активисти за човекови права од целиот свет, за да дискутираат за глобалните предизвици и конкретните чекори во борбата против трговијата со луѓе.
Учеството на претседателот Таравари на овој самит ја претставува не само неговата лична заложба за заштита на човековите права, туку и континуираната посветеност на Алијансата за Албанците за поправедно и побезбедно општество со одговорни институции.
Во текот на самитот, претседателот Таравари ќе учествува на неколку тематски панели заедно со истакнати меѓународни личности, вклучително и американски сенатори, претставници на Министерството за правда на САД, поранешни премиери од Балканот и претставници на организации кои работат на првата линија во борбата против овој глобален феномен.
Неговото учество на овој настан претставува извонредна можност за претставување на гласот на граѓаните на глобален форум каде се третираат прашања од суштинско значење за демократските општества, како и за придонесување во создавање на заеднички меѓународен фронт против трговијата со луѓе.
За време на престојот во САД, лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, ќе оствари бројни средби со сенатори и други претставници на политичкиот и општествениот живот.