Македонската Агенција за електронски комуникации во четвртокот донела одлука за рапишување на јавен тендер кој ќе биде со јавно надавање за доделување на одобренија за користење на радиофрекфенции со опсези од 700 MHz, 1800 MHz и 3. x GHz.
Според тендерот почетните цени на одобрението се следни: За одобрението А1 изнесува 4,2 милиони евра, за одобрението Б1 е 1,5 милиони евра, а за одобрението C1, 2,320 милиони евра.
Понудувачите кои ќе се квалификуваат во јавното надавање треба да исплатат депозит од 10 отсто од почетните цени.
Јавното отворање на понудите ќе се врши на 22 август во просториите на АЕК, а понудувачите имаат 35 дена рок за да ги достават понудите од распишувањето на јавниот тендер.