Под влијание на топла воздушна маса од југ, од утре следува период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Особено топло време се очекува во текот на следната работна седмица, кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, на повеќе места ќе надминува 35°C, а наместа ќе биде и над 40°C.
Прогноза за 20.07.2025
Минимална температура: 11°C до 20°C
Максимална температура: 31°C до 39°C
Сончево и многу топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Попладне облачноста ќе се зголеми.
Прогноза за 21.07.2025
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 33°C до 40°C
Претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Прогноза за 22.07.2025
Минимална температура: 12°C до 21°C
Максимална температура: 34°C до 41°C
Претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец.