Кога е вистинското време да ги научиме децата да се однесуваат одговорно со парите? Одговорот е веднаш штом почнат да разбираат што значи „вредност“. Навиките што ги градиме во раното детство, остануваат со нас засекогаш, а финансиската писменост не е исклучок.
Многу родители се прашуваат како да започнат со оваа тема, дали е доволно само да им се зборува за пари или треба да им се посочи и реален пример? Токму за оваа цел, Халкбанк го креираше производот Халки, детско штедење, со кој родителите можат на практичен и едноставен начин да го започнат процесот на финансиско воспитување.
Што е Халки?
Халки е орочен детски депозит кој се отвора на име на детето, со минимален износ од 1.000 денари или 20 евра. Достапни се повеќе рокови за штедење од 25, 36, 48 и 60 месеци, со фиксни годишни каматни стапки кои растат со должината на орочување. За депозити во денари, каматната стапка започнува од 3,00% за 25 месеци, и достигнува до 3,60% за орочување од 60 месеци. За депозити во евра, стапките се движат од 2,20% до 2,60%.
Она што го издвојува Халки е тоа што средствата не се достапни за повлекување пред истекот на договорениот рок, што му дава дисциплинарна компонента на овој производ. Наместо брза потрошувачка, децата учат дека вистинските вредности се градат со време, трпение и посветеност.
По истекот на орочувањето, ако детето сè уште не е полнолетно, депозитот автоматски се продолжува. Кога ќе наполни 18 години, средствата се префрлаат на негова трансакциска сметка и стануваат достапни за користење.
Прв чекор кон самостојност
Халки не е само финансиски производ, тоа е алатка со која децата учат што значи да се има сопствена одговорност. Со отворањето на депозитот, секое дете добива персонализирана штедна книшка и симболичен подарок, мал, но значаен гест што го претвора штедењето во лично искуство. Така, уште од најмали нозе, се создава чувство дека парите имаат вредност, а грижата за нив е дел од грижата за себе. Штедењето не се доживува како апстрактен поим, туку како нешто блиско и неопходно.
Летото – идеален момент за нов почеток
Периодот на летни одмори често е време кога семејствата заедно носат одлуки, планираат, создаваат нови навики. Токму сега е одлична можност да се направи чекор кон финансиска писменост и сигурна иднина. Отворањето детски штедни сметки во Халкбанк е едноставно и достапно во сите филијали, а секој нов Халки депозит носи и симболичен подарок за најмладите.Но, вистинската вредност не е само во самото штедење, туку во пораката што ја испраќаме, дека веруваме во способноста на нашите деца да пораснат во одговорни, самостојни и свесни личности.