СВР Битола поднесе кривична пријава против Г.П.(29) од село Ангелци, општина Василево, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „убиство“ во обид, три „тешки кражби“ и едно кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи“.
Во периодот од 02.07. до 07.07.2025 во атар на село Крклино, битолско, пријавениот влегол во две викенд куќи, не одзел ништо и причинил материјална штета, додека во село Долно Српци, општина Могила, со употреба на сила влегол во куќа и одзел ловечка пушка калибар 16 мм и две туби со гориво.
На 07.07.2025, исто така, во атар на село Долно Српци, пукал со пушката кон 22 -годишник и двајца малолетници на возраст од 15 и 16 години, а потоа на влез од село Вашарејца се обидел да пука кон полициски службеници, но не успеал, по што тие пукале и го погодиле во ногата, по што бил лишен од слобода.