6. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фотографија: Центар.мк
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Утре се токми НЕВРЕМЕ, а потоа драстични промени со времето – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Утре ќе се задржи многу топло време, а во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, во петок времето ќе биде променливо облачно, малку посвежо, а претпладне ќе има услови за локална нестабилност. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и топло со пораст на температурата.

Прогноза за 18.07.2025
Минимална температура: 11°C до 21°C
Максимална температура: 28°C до 35°C

Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 19.07.2025
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 30°C до 38°C

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 20.07.2025
Минимална температура: 12°C до 21°C
Максимална температура: 31°C до 39°C

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Рацин.мк: Горан Марковски должи одговор на прашањето каква е неговата поврзаност со фирмата ДИПКО

C +

Шукова и Мојсова: Наместо дива депонија зелен парк во Карпош

C +

Вистината за случајот АНБ: Дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ?

C +