Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Два активни пожари на отворен простор: ЦУК со најнова состојба на 16 јули 2025

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека заклучно со 08:00 часот на 16 јули 2025 година, во земјата се евидентирани вкупно 21 пожар на отворен простор. Од нив, два се уште се активни, еден е ставен под контрола, а 18 пожари се целосно изгаснати.

Според податоците, активни пожари има во општините Велес и Македонски Брод.

Во општина Велес, пожарот се проширил кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци, каде што гори мешана шума. Екипите на терен работат на негово локализирање и спречување на понатамошно ширење.

Вториот активен пожар е регистриран во општина Македонски Брод, помеѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина. Таму гори деградирана дабова шума, како и ниска вегетација и грмушки.

Можеби ќе ве интересира

СЕ СПОМНУВААТ МАКЕДОНЦИ: Сиљановска-Давкова ја доби првата копија од Привилегијата од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки

ДЕСК

Следува реконструкција на Владата? ВМРО ДПМНЕ не е задоволна од двајцата министри од ЗНАМ, има незадоволство и кај свои министри, објави СДК

ДЕСК

Филипче: За правда, слобода и безбедност владата доби единица од ЕУ – драматичен пад во споредба со лани

ДЕСК