19. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

НОВИ НАЈАВИ НА СИНОПТИЧАРИТЕ, МОЖНО Е ОСВЕЖУВАЊЕ – Метеоцентар со четиридневна прогноза за времето

Утре во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни. Потоа во следните два дена ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност.

Поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, во петок времето ќе биде променливо облачно, малку посвежо и ветровито со услови за локален дожд.

Во деновите од викендот ќе биде стабилно со пораст на дневната температура.

Прогноза за 16.07.2025
Минимална температура: 11°C до 20°C
Максимална температура: 30°C до 39°C

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 17.07.2025
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 31°C до 39°C

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 18.07.2025
Минимална температура: 11°C до 21°C
Максимална температура: 28°C до 36°C

Променливо облачно и малку посвежо со сончеви периоди. Наместаќе има услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, наместа засилен северен ветер.

Можеби ќе ве интересира

Ацевски го претстави тимот што ќе се бори за хуман развој на општина Ѓорче Петров

C +

СДСМ: Тошковски да поднесе оставка, партизираното МВР не ги штити животите на луѓето

C +

Два активни пожари во Гази Баба и Гевгелија, под контрола пожарот во „Дрисла“

C +