Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Алиу: Поддршка од Светска банка на реформите во здравството

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска оствари работна средба со висока делегација на Светска банка, предводена од Река Менон, менаџер за здравство, исхрана и популација за регионот на Европа и Централна Азија, како и со д-р Свен Нелсен, кораководител на здравствен сектор на Светска банка за земјава, Али Хаманди, виш економист и Мрика Алиу, виш специјалист за човечки развој.

Министерот Алиу ги презентираше стратешките приоритети на Министерството за здравство, и истакна дека меѓународната експертиза и поддршка претставуваат клучен сегмент во процесот на модернизација, особено во областа на дигитализација, како еден од главните приоритети на Министерството, како и за телемедицина, примарна здравствена заштита, и инфраструктурни и технолошки надградби на системот.

На состанокот беше презентирана тековната аналитичка работа на Светска банка во здравствениот сектор, со акцент на системот за долгорочна нега и модели на здравствено финансирање.

Претставниците на Светска банка изразија подготвеност за натамошна поддршка на реформите во здравството, беа разгледани и можните области за зајакнување на соработката и за унапредување на здравствениот систем.