На Листата на должници бр.07/2025 објавени се 2005 должници – правни лица (повеќе за 7 од претходната листа) и 3939 физички лица (повеќе за 26 од претходната листа), информира УЈП.
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.07/2025 изнесува 12.689.966.141 денари, (повеќе за 834.170.837 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 12.489.972.879 денари, (повеќе за 792.978.886 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 199.993.262 денари (повеќе за 41.191.951 од претходната листа).
Листата е достапна на следниот линк.