На 12.07.2025 во 00.44 часот во Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишиле од слобода лице(36) од Македонски Брод. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ровер” со регистарски ознаки од Македонски Брод, кое лицето го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,52 промили алкохол во крвта.
Исто така, денеска (12.07.2025) во 00.23 часот на ул.„Осоговска“ во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Делчево ја лишија од слобода лице(18) од с.Бориево, општина Босилево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувала лицето и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,70 промили алкохол во крвта. Лицата се исклучени од сообраќај и по целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.