Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Жерновски: Ако некој требаше прв да го осуди нападот врз градоначалничката на Скопје, тоа е претседателката на државата

Андреј Жерновски жестоко реагираше по молкот на властите за нападот на Данела Арсовска, градоначалничка на Скопје.

– Ако некој требаше прв да го осуди нападот врз градоначалничката на Скопје, тоа е претседателката на државата. Можеше и мораше да застане во нејзина одбрана, ако ништо друго, тогаш барем како жена која осудува насилство врз жени.

Но, партиската послушност е очигледно поважна од моралот и етиката, на кои до вчера толку гласно се повикуваше професорката. Срамота!, напиша на социјалните мрежи Жерновски.

Можеби ќе ве интересира

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје – прво физички го нападнале, а потоа го опљачкале

ДЕСК

Полицијата трага по исчезнато 16 годишно девојче

ДЕСК

Во својот дом во центарот на Скопје пронајден починат скопјанец – наредена обдукција

ДЕСК