Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Пожарите не стивнуваат – Гори на седум локации низ Македонија

На 11 јули 2025 година, до 07:30 часот, во земјава се евидентирани вкупно 38 пожари на отворен простор, што претставува сериозна закана за шумите, населбите и земјоделските површини.

Според официјалните податоци, од вкупниот број, 7 пожари се сè уште активни, 4 се ставени под контрола, додека 27 се целосно изгаснати.

Активни пожари

Моментално најсериозната ситуација се бележи во општините Чучер Сандево, Прилеп и Македонски Брод, каде гори шумска и нискостеблеста вегетација:

  • Општина Чучер Сандево: помеѓу селата Блаце и Горњани, во месноста Рамна шума (шумски пожар)

  • Општина Прилеп: село Бешиште, Бешишки Рид (пожар во мешана шума)

  • Општина Македонски Брод (два пожара): помеѓу с. Црешнево и с. Локвица, и во с. Крапа

  • Општина Дојран: с. Николич

  • Општина Чашка: под Солунска Глава, помеѓу изворите на Бабуна и Бабина Дупка (само чад, карпест терен)

  • Општина Тетово: кај бензинската пумпа Окта Петрол (пожар на нива)

Пожари под контрола

Четири пожари се ставени под контрола, меѓу кои:

  • Општина Македонски Брод: во близина на селата Рамне и Ковче, како и два пожара во с. Слатина

  • Општина Делчево: на градската депонија Острец