Пронајдено е безживотното тело на момчето (9) кое исчезна пред три дена во реката Драва во близина на градот Белишќе во Хрватска.
Интензивната потрага траела од понеделник вечерта, а во неа учествувале бројни нуркачи, полицајци и пожарникари.
Во медиумските извештаи се наведува дека момчето пливало со својата мајка (31) и братот (6) во неорганизиран дел од базенот. Тие биле повлечени од речната струја и почнале да се дават.
Тројца мажи им притрчале на помош и успеале да ја спасат мајката и шестгодишното дете, но деветгодишното момче за жал исчезнало под површината на водата.