Centar.mk
СВЕТ

Тајван ги почна најголемите воени вежби досега

Тајван денес ги почнува своите најголеми воени вежби досега почнувајќи со симулирани напади врз своите командни системи и инфраструктурата во услови на кинеска инвазија, изјавија високи одбранбени претставници.

Раните фази од годишните вежби Хан Куанг ќе се фокусираат на тестирање како војската на Тајван може да ја децентрализира командата во случај на напад што ги нарушува комуникациите. Во текот на следните 10 дена вежбите ќе се прошират за да се процени борбената подготвеност на Тајван против обид за целосно преземање на островот.

„Учиме од ситуацијата во Украина во последните години и реално размислуваме за тоа со што би можел да се соочи Тајван во вистинска борба“, рече висок одбранбен претставник нагласувајќи ја потребата од заштита на командните и комуникациските системи.

„Командантите треба да размислат за тоа со какви проблеми би можеле да се соочат нивните трупи и да им ги соопштат на своите подредени“, рече функционерот зборувајќи под услов да остане анонимен поради чувствителноста на операцијата.

Тајван ги смета кибернападите и кампањите за дезинформации за акции со висок интензитет на сива зона, кои веројатно ќе претходат на поширок кинески напад.

Годишните вежби Хан Куанг оваа година ќе мобилизираат најголем број резервисти, приближно 22.000, и првпат ќе вклучуваат нови високомобилни артилериски ракетни системи, или HIMARS, произведени од Локид Мартин, со тајвански ракети земја-воздух – „Скај сворд“./Извор:Makfax

НАЈЧИТАНО СЕГА...

Можеби ќе ве интересира

Руската нафта може да тече: Америка нема да му прави проблеми на Орбан во снабдувањето со руска нафта и покрај санкциите

ДЕСК

Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца

C +

Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил

C +

Нашиот веб сајт користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот. Прифати Прочитај повеќе

Privacy & Cookies Policy
error: Соддржината е заштитена.