Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Нови 10 случаи на коронавирус во Македонија

Во Р. С. Македонија во текот на месец јуни, пријавени се вкупно 10 случаи на КОВИД-19, за разлика од месец мај кога беа пријавени 6 случаи и месец јуни 2024 кога се регистрирани 25 случаи.

Сите заболените во јуни 2025 се од Скопје. Во текот на месецот не е регистрирано починато лице асоцирано со КОВИД-19.

Од КОВИД-19 заболените, три лица припаѓаат на возрасната група 0-9 години, по две лица припаѓаат на возрасните групи од 30-39 и 40-49 години и три лица се на возраст над 70 години.

Во лабораториите во кои се спроведува молекуларно и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, во текот на месец јуни, се тестирани вкупно 530 материјали за 18,8% помалку во однос на минатиот месец.

Можеби ќе ве интересира

Преку мобилна апликација секој ќе може да си провери дали има казна од „Безбеден град“, ќе се бележи историја на прекршоци за секого

C +

Инцидент во скопско село: Закани со огнено оружје по конфликт за паркинг

ДЕСК

Предновогодишна тепачка во угостителски објект во Скопје

ДЕСК