Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинувањата од опозицијата дека оваа Влада, се задолжила премногу, изјави:
„Па јас навистина не можам да ги разберам пораките коишто доаѓаат од СДСМ. Тоа што го направи оваа Влада во овие нешто повеќе од една година, е токму спротивен процес на заслужување. Факт е дека во март месец, ние имаме намалување на јавниот долг за 4,7% од бруто-домашниот производ. Истовремено вреди да се напомене дека вративме еврообврзница, којашто е земена од претходната Влада во 2018 година, од половина милијарда евра крајот на јануари месец. Министерството за финансии жестоко се бори да ја одржи макроекономската стабилност, а без притоа да не имплементира нови давачки, да не ги зголеми данокот на додадена вредност, да не ја зголеми возраста за пензионирање, нешто што е барање и од страна на меѓународните институции. Жестоко се бориме еве по пат, она одлука на Уставниот суд, да ги вратиме оние 50-тина милиони евра данок на солидарност којшто минатата Влада ги зема. Сето она коешто сме се задолжиле, е за да вложиме во капитални инвестиции, а не за како што тоа го правеше претходната Влада за пензии, за плати, итн. а сепак наоѓаме ликвидност да функционираме, гледате да реализираме проекти, да коригираме грешки од минатото. Истовремено тука вреди да се напомене дека се бориме да буџетскиот дефицит го намалиме на под 4 %. Така што јас знам колку вложуваат сите членови во Владата. Колку вложува Министерството за финансии, за да ја одржи оваа макроекономска стабилноста, а притоа немаме зголемување на цената на електрична енергија за граѓаните. Практично зголемување на пензиите, вративме плати тие што им се должеа на граѓаните. Не само што немаме зголемување на долгот туку имаме намалување на долгот. Така што тоа е реалноста, затоа што едноставно нашата задача и обврска е да работиме во интересот на граѓаните. А јас еве велам делата нека зборуваат, јас не би имал што да коментирам на пораките коишто доаѓаат од СДСМ“.