На маргините на конференцијата на тема „Регионалниот развој во динамично променлив свет – Иднината започнува локално: Новата визија за одржлив и рамномерен развој’’, што ја организира Министерството за локална самоуправа во Гевгелија, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари билатерална средба со министерот за регионален инвестициски развој и соработка со невладини организации на Црна Гора, Ернард Суљевиќ.
На средбата се разговараше за тековните инвестиции за регионален развој во двете држави, како и за потенцијалите за унапредување на билатералната соработка, особено во областа на регионалната политика.
Двајцата министри се согласија дека е потребно зајакнување на координацијата помеѓу централната власт и единиците на локалната самоуправа, како и активно вклучување на локалната самоуправа при подготовка и имплементација на развојни програми и проекти.
Министерот Суљевиќ, ќе говори на денешното отворање на дводневната конференција за перспективите на „Регионален развој во динамично променлив свет: Иднината започнува локално“.