Министерството за здравство информира дека синоќа во кругот на Клиничката болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола, изби пожар како резултат на запалена сува трева. Пожарот веднаш беше пријавен во Центарот за управување со кризи и противпожарната станица, по што надлежните служби навремено и ефикасно интервенираа и го локализираа во најкраток можен рок.
Од страна на болницата беа преземени сите неопходни мерки за заштита и следење на ситуацијата. Нема никаква материјална штета врз болничките објекти, ниту е загрозена безбедноста на пациентите и вработените. Работата на болницата се одвива непречено.
Интервенцијата траеше кратко и беше целосно завршена без потреба од евакуација или дополнителни безбедносни мерки.
Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата во сите јавни здравствени установи.