Осум турски војници загинаа откога беа изложени на метан за време на операција за пребарување во пештера во северен Ирак, соопшти Министерството за одбрана.
Во соопштението Министерството извести дека инцидентот се случил во неделата за време на мисија за пронаоѓање на останките на турски војник убиен за време на воена операција против забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК).
Единаесет други војници, кои исто така биле изложени на гасот во пештерата, биле однесени во болница на лекување, соопшти Министерството./Извор:Makfax