Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

Единствено Мицкоски и ДПМНЕ се виновни што на македонскиот јазик му се заканува бришење од извештајот на Европскиот парламент. Мицкоски свесно го отвори, она што беше претходно, затворена дебата за македонскиот јазик во Европската Унија, истакна потпретседателката на СДСМ Кристина Костова во гостувањето на „Тема на денот“ на Сител телевизија.

Костова потсети дека СДСМ преку договорот за ФРОНТЕКС и преговарачката рамка веќе издвојува победа.

„Договорот ФРОНТЕКС е потпишан на македонски јазик, без придавки, без ѕвездички, без фусноти, но уште повеќе тоа беше и победа и за преговарачката рамка којашто беше прифатена од сите 27 земји членки на Европската унија. Ама гледаме дека Мицкоски и ДПМНЕ успеваат секоја претходна победа да ја претворат во пораз“, нагласи Костова.

При тоа, Костова истакна дека додека ДПМНЕ беше опозиција тврдеа дека ќе испреговарале подобра преговарачка рамка, но не успеаја ги задржаа ни придобивките од преговарачката рамка.

Ветуваа подобра, а сега гледаме дека не можат да ги задржат придобивките од актуелната преговарачка рамка, рече Костова, додавајќи дека доста од ДПМНЕ се пренемагаат, конечно треба да покажат сериозност за оваа тема треба да покажат дека навистина сакаат да ја видат Македонија зачленета во Европската унија.

Костова истакна дека, за жал ДПМНЕ и во минатото кога беа власт за време на Груевски, па потоа кога беа опозиција и сега со Мицкоски како намерно да работат против реализирањето на стратегиските цели на Македонија.

„Во времето кога беа опозиција и кога се носеше Преспанскиот договор креваа голема хистерија, потхрануваа многу големо општо незадоволство велеа дека преспанскиот договор го уништи идентитетот, а сега додека се власт токму тие ги ползуваат сите позитивни страни на Преспанскиот договор гледаме дека одат на меѓународни самити, како што имаше можност претседателката Гордана Силјановска Давкова неодамна на таков еден меѓународен самит да каже дека се сретнала со Диџеј Венс односно тоа беше Марко Рубио, американскиот државен секретар, но дури и за таквите бламажи треба да имаат платформа каде да ги прават, тоа го прават затоа што ги користат придобивките од Преспанскиот договор“, рече Костова.

Таа додаде дека благодарение на државничките одлуки на владите на СДСМ, Македонија денес е земја членка на НАТО, што особено е значајно во период на вакви глобални случувања државата да биде безбедна и дел од таква сериозна безбедносна структура.
„Сега кога ги користат придобивките од Преспанскиот договор јас би им поставила прашање дали тие се чувствуваат како Македонци ако одговорот е ДА тогаш и Гордана Силјановска Давкова и Мицкоски и Мисајловски и Муцунски и сите од ДПМНЕ должат едно големо извинување на сите наши сограѓани за онаа паника којашто ја креваа затоа што велеа дека сме го изгубиле идентитетот а и за сите аргументи како опозиција со коишто загреваа тензии и создаваа идентитетски проблеми, а денеска повторно гледаме дека отвораат идентитетски прашања коишто ги сметавме за затворени“, нагласи потпретседателката на СДСМ Кристина Костова во гостувањето на „Тема на денот“ на Сител телевизија.