По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди презеде соодветни мерки и го расчисти случајот. Од извршените проверки, ОВККИПС констатираше дека на 05.07.2025 во 12.00 часот сменоводителот на БПС Прилеп В.И. го упатил полицискиот слузбеник А.К., кој бил со специјално возило пајак, да оди на ул.”Борка Урот” за да постапи во врска до неправилно паркирани возила. Полицискиот службеник од ПО БПС Прилеп со специјалното возило затекнал непрописно паркирано возило “цитроен” си прилепски регистарски таблички, но пред да го подигне, дошол сопственикот на возилото Н.К. од Прилеп и од страна на полицискиот службеник му е издаден прекршочен платен налог во износ од 40 евра и изготвен бил записник за сторен прекршок по член 66 став 5 од ЗБСП.
Инаку, во текот на денешниот ден министерот за внатрешни работи Тошковски не беше во посета на ОВР Прилеп ниту беше на територија на град Прилеп.