Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
пороен дожд / фото Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

ПОЗНАТО Е КОГА ЌЕ ИМА ОСВЕЖУВАЊЕ, НО ДЕНОВИВЕ ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 41°C – Метеоцентар ја објави четиридневната прогноза

До вторник ќе се задржи многу топло време со дневна температура насекаде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C. Утре во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Во среда и четврток ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура.

Прогноза за 07.07.2025
Минимална температура: 13°C до 23°C
Максимална температура: 33°C до 41°C

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Прогноза за 08.07.2025
Минимална температура: 12°C до 22°C
Максимална температура: 32°C до 41°C

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југозападен правец.

Прогноза за 09.07.2025
Минимална температура: 10°C до 20°C
Максимална температура: 29°C до 37°C

Променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Министерот Минчев на средба со амбасадорот на Кралството Шведска Сулстром

ДЕСК

Нова поштенска марка ја одбележува улогата на жените во градењето мир, 25 години од Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ОН

ДЕСК

Меморандум на МОН и ИНОФЕИТ за соработка во унапредувањето на дигиталните вештини на наставниците, со фокус на вештачката интелигенција

ДЕСК