Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ НАДМИНАТ И НАД 40°C ДЕНОВИВЕ – Познато е кога да очекуваме освежување, Метеоцентар со детална прогноза за деновите што претстојат

До вторник времето ќе биде многу топло со дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C.

Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи

. Во среда ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура.

Прогноза за 06.07.2025
Минимална температура: 13°C до 22°C
Максимална температура: 32°C до 40°C

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 07.07.2025
Минимална температура: 13°C до 23°C
Максимална температура: 33°C до 41°C

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Прогноза за 08.07.2025
Минимална температура: 12°C до 22°C
Максимална температура: 34°C до 41°C

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југозападен правец.