Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Ковачевски учествува на Глобалниот економски дијалог, во друштво на екс премиерите на Италија и Франција

Денес утре и задутре се одржува Глобалниот економски дијалог на 25то издание на Економските состаноци на Екс-ан-Прованс, Франција (Les Rencontres Economiques d’Aix-en-Provence) во организација на Кругот на економисти од Франција (Cercle des économistes).

На настанот ќе учествува и поранешниот премиер на Македонија и актуелен пратеник во Собранието, Димитар Ковачевки.

Тој ќе се обрати на пленарната сесија “Враќање на лидерството за посилна Европа” заедно со Пашал Донохо, Претседател на Еврогрупата на министрите за финансии на земјите на еврозоната и министер за финансии на Ирска, Далија Грибаускајте поранешна претседателка на Литванија и Рено Музелиер претседател на регионалниот совет на Прованса Алпи АБ, модерирана од Луси Робеквен главен уредник на „Ле Трибјун“.

„Тргнувајќи од факторите на турбулентното време во кое живееме ќе разговараме за начините на надминување на внатрешни поделби во Европа и можностите за редефинирање на заедничкиот европски проект во услови на повеќекратни кризи. Како да се најдат нови форми на соработка и да се оживее вистинска динамика на раст и отпорност, а воедно да се исполнат очекувањата на граѓаните. Благодарност за поканата на Жан-Ерве Лоренци, основач на Кругот на економисти и на Равиндра Нго основач на Азиската мрежа“ вели Ковачевски.

На Глобалниот економски дијалог учество ќе земат и познати поранешни и сегашни државници и претставници на различни меѓународни институции, како Мишел Барние поранешен премиер на Франција, Жан-Ноел Баро министер за надворешни работи на Франција, Марио Драги поранешен премиер на Италија и поранешен претседател на Европската Централна банка, Професорка Естер Дуфло добитничка на Нобелова награда за економија, Енрико Лета, Декан и претседател на Универзитетот IE, институтот Жак Делор и поранешен премиер на Италија, Брус Ендрјус поранешен заменик секретар за трговија на САД, Тиери Бретон поранешен комесар на ЕУ за внатрешен пазар, Франко Бруни претседател на италијанскиот институт за меѓународни политички студии (ISPI), Сара Карлсон виш потпретседател на Мудис (Moody’s), Хајди Кребо-Редикер виш соработник за геоекономија во советот за надворешни односи, Лоран Жермен, главен извршен директор на Ежис (Egis), Кристел Хејдман главен извршен директор на Оринџ (Orange),  и многу други.