Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Во период од шест часа 429 санкционирани возачи на мотоцикли на територија на цела држава

-Во текот на вчерашниот ден (02.07.2025) во периодот од 16.00 до 22.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 429 возачи. Од нив, 267 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 83 возеле без возачка дозвола, 12 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава… За време на контролата санкционирани се и 189 други видови на сообраќајни прекршоци, информира МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Голем е интересот за вакцинацијата против сезонскиот грип, од Здравство велат пријавени се повеќе од 70.000 граѓани

C +

Утре наутро претежно ведро и студено, преку денот сончево

C +

Касами: Тетово ја заслужува оваа трансформација – продолжуваме уште посилно со Второто поглавје за развој

C +