2. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРОМОБИЗНИС

Земјиште на ЕВН дадено на користење за археолошки истражувања

ЕВН Македонија му ја даде на користење на Археолошкиот музеј парцелата во локалитетот „Тумба Маџари“ во Скопје, со цел спроведување на понатамошни археолошки истражувања кои се од исклучителна важност за разбирањето на историјата на целиот Балкан и Европа.
Првиот човек на ЕВН Македонија, г-дин Волфганг Маиер и директорката на Археолошкиот музеј, г-ѓа Магдалена Манаскова, потпишаа Договор за долгорочно користење на парцела од 6000 квадратни метри, а на настанот беа присутни и Министерот за култура и туризам г-дин Зоран Љутков и амбасадорот на Австрија, неговата екселенција г-дин Мартин Памер.

„Овој договор за отстапување на парцелата за истражувања на Археолошкиот музеј е симбол на посветеност за презентација на културното наследство и заштита за идните генерации. Ова наследство не е важно само за историјата на Македонија, туку е дел и од европската цивилизација“ истакна Маиер.

За директорката Манаскова, поддршката од ЕВН е пример за општествена одговорност,а договорот е основа за долгорочна соработка која ќе овозможи подобри услови за работа на археолошкиот локалитет.

Можеби ќе ве интересира

Курсна листа за 28.08.2025

ДЕСК

Септемвриското покачување на пензиите: 1.000 денари за сите – дали ќе значи подобар живот?

ДЕСК

Кочоска: Македонија е единствена земја која не е членка на Европската унија, a потпиша Меморандум за соработка за развој на пазарите на капитал заедно со уште седум земји членки на ЕУ

ДЕСК