Интегреален текст од денешното соопштние на ДУИ:
Комесарката за проширување, Марта Кос, е искрен и значаен пријател на нашата држава.
Не само поради нејзината актуелна функција, која е клучна за нашиот пат кон Европската Унија, ниту само поради нејзината лична врска со регионот, што само по себе претставува уникатна можност за нас, туку пред сè поради нејзиниот длабоко европски пристап кон почитување на различностите и заштита на етничките посебности во Европа.
Наместо Владата да ја препознае оваа можност и да ги зајакне овие врски, го пропушти шансата да го искористи Самитот на лидерите на Западен Балкан со Европската Унија, и на најнегативен можен начин покажа недостиг на гостопримство и нетолеранција, дури и кон најискрените пријатели на државата.
Не смееше да се дозволи изјавата на Комесарката,дека „идентитетот не е предмет на политички условувања, туку суштина на човековото достоинство и израз на неговата посебност“, да стане цел на кампања на омраза и потсмевање. Уште помалку, таа реакција да биде поттикната од извори блиски до власта.
Особено загрижува фактот што Министерот за европски интеграции Орхан Муртезани не сметаше дека е потребно јавно да го одбрани овој став, ниту да го истакне значењето на вредностите кои се темел на институцијата што ја раководи.
Напротив, со своите неточни и релативизирачки ставови, тој стана дел од една линија на однесување која ја доведува во прашање односот со еден од најсилните гласови што ја поддржуваат нашата европска перспектива.
Во време кога државата има потреба од стабилни партнерства и јасно раководство во процесот на интеграција, оваа тишина, и во одредени моменти оправдување на националистичките ставови, не претставува технички, туку политички неуспех.
Министерот за интеграции Муртезани има суштинска одговорност: да го брани европскиот курс, а не да молчи кога тој е нападнат.
Граѓаните заслужуваат посериозно и подостоинствено претставување во овој процес, а нашите меѓународни пријатели, почит, а не организирано потценување одвнатре.