15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестЛОКАЛНО

МИНАТАТА НЕДЕЛА САНКЦИОНИРАНИ СЕ 138 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 23.06. до 29.06.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 138 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

C +

Реконструкција на улица „2“ во населба Илинден

ДЕСК

Град Скопје во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година организира Јавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот

ДЕСК