Интегрален текст од изјава за медиуми на Миле Талески, пратеник на СДСМ:
Со особено задоволство го одбележуваме завршувањето на патот низ Фаришката клисура, делницата на експресниот пат од Дреново до Градско.
Задоволството е поголемо заради огромното значење за граѓаните кој овој пат го има не само за Прилеп и прилепчани, туку и за граѓаните на Битола, Ресен и од целиот Пелагониски регион.
Горди сме затоа што СДСМ во својот мандат заврши над 90% од работите овој проект.
-Завршени беа 2 тунели со вредност од околу 6 милиони евра кои беа најсложени за изградба.
-Асфалтирани беа над 95% од вкупната должнина на патот.
-Изградени беа сите клучни конструктивни елементи: 21 мост, 11 потпорни ѕидови, 15 пропусти, 1 вијадукт, 1 галерија.
Проектот долг 10,2 километри, со вредност над 33 милиони евра, најтешкиот и најкомплексен дел од трасата во Фаришката клисура го заврши Владата на СДСМ.
Тоа граѓаните многу добро го знаат.
Што направи ВМРО-ДПМНЕ?
За цела 1 година да заврши мал дел, да санира само едно свлечиште, да постави бетон од 10 метри, да заврши дел од сигнализацијата и дел од оградите.
И она најважното за нив, да се китат со туѓи перја, да се сликаат пред камерите и да го претставуваат овој проект како свој.
Но сепак добра вест за граѓаните е дека кончено патот е завршен. Дека граѓаните од целиот пелагониски регион добиваат пат значаен за економијата, транспортот и безбедноста.
Со одговорност и посветеност кон реалните потреби на граѓаните СДСМ многу инвестираше, особено во патните проекти.
СДСМ многу инвестираше во различни проекти, особено во патната инфраструктура. Експресниот пат Градско –Дреново е исто така проект на СДСМ, обновата на патната делница кај Плетвар, патот од Прилеп кон езерото, почетокот на реализацијата на стратешкиот проект за автопат Прилеп-Битола како дел од Коридорот 10д и така натаму.
Им благодариме на сите вредни градежни работници, инженери, проектантни, на сите кои работеа и учествуваа во реализацијата на овој проект.