17. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нова крвава ноќ во Газа, најмалку 56 загинати во израелските напади

Најмалку 56 лица се убиени во последниот бран израелски воздушни напади врз Појасот Газа што започнаа вчера изутрина, соопштија палестински медицински извори и припадници на цивилната заштита.

Според Министерството за здравство во Газа, најмалку 11 лица загинале во населбата Туфа, во близина на поранешна училишна зграда во градот Газа. Палестинската новинска агенција ВАФА јави дека меѓу жртвите има и деца.

Дополнително, службите за цивилна заштита објавија уште 45 загинати во други области, без прецизирани детали. Според истите извори, десетици луѓе се повредени, но точната бројка сè уште не е официјално потврдена.

Од израелската војска засега нема коментар за нападите и наводите за цивилни жртви.

Министерството за здравство во Газа претходно објави дека вкупно 81 лице било убиено во претходните 24 часа, вклучувајќи ги и жртвите од нападите извршени во петокот.

Со најновите жртви, вкупниот број на убиени Палестинци од почетокот на конфликтот надмина 56.400, покажуваат податоците од палестинските здравствени власти./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Русија во текот на ноќта лансираше 85 беспилотни летала кон Украина

C +

Зеленски во понеделник ќе отпатува за Вашингтон на разговори со Трамп

C +

Во обилните дождови во Пакистан загинаа над 300 луѓе

C +