10. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Богојески ќе си оди од Националната агенција за образовни програми, дали тоа значи дека не добил „зелено светло“ од ЕУ?

Петар Богојески актуелен директор на Националната агенција за образовни програми и европска мобилност и претседател на Движењето Македонски концепт се сретнал со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на државата Христијан Мицкоски, пишува 24инфо.мк.

Како што се информираат од Македонски концепт н средбата биле договорени неколку точки, меѓу кои и тоа дека Богојески во следниот период ќе раководи со друга институција.

„Договорена е прераспределба на позиции и институции кои ќе ги раководи Македонски Концепт во рамки на извршната власт, со што потврдено е дека претседателот на Македонски Концепт д-р Петар Богојески ќе раководи со друга институција“ стои во соопштението на Македонски концепт.

Покрај тоа, Богојески и Мицкоски договориле и заеднички настап на локалните избори.

Богојески кратко ја извршува директорската функција на она што популарно е познато како Еразмус плус, а неговото поставување наиде на бројни забелешки од страна на јавноста особено на недоличниот говор што Богојески го употребува(ше) на социјалните мрежи.

Од поставувањето па до денес постојано се појавуваа информации дека Европската комисија ја нема извршено промената на правниот застапник за Еразмус образовните програми во Северна Македонија, односно, се нема произнесено за именувањето на Петар Богојески за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

24инфо.мк во неколку наврати бараше одговори и од Министерството за образование и наука но оттаму не излегуваа со конкретен одговор.

Најавата дека Богојески повеќе нема да биде директор на Националната агенција, денес ги потврдува сомнежите дека неговот именување сепак не добило „зелено светло“ во Брисел.

Извор: 24info.mk

Можеби ќе ве интересира

Две бебиња повредени кај Скопје, откако пијан возач преминал на другата страна од коловозот и удрил во возило

ДЕСК

СДСМ: Началникот Мартиновски без наредба за приведување ја малтретирал жената, бараме итна кривична постапка за него!

ДЕСК

Нова трагедија на Јадранското море: Македонка почина во Црна Гора

ДЕСК