Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тајниот нуклеарен објект на Иран што може да го погоди само американска бомба

Во планинска област јужно од Техеран, скриен длабоко под земја, се наоѓа Фордо – објект за збогатување на ураниум кој игра клучна улога во нуклеарната програма на Иран и е цел на израелските обиди да го онеспособат.

Се вели дека Фордо е закопан подлабоко од англо-францускиот тунел под Ла Манш и досега останал надвор од дострелот на израелското оружје.

Се верува дека само Соединетите Американски Држави поседуваат бомба доволно моќна за да предизвика сериозна штета на подземниот објект. За таков напад би била потребна специјална бомба „разбивач на бункери“, дизајнирана да пробие дебели слоеви почва и бетон.

Нападот врз Фордоу би можел значително да ја ескалира веќе напнатата ситуација на Блискиот Исток.

Објектот стана симбол на нуклеарните амбиции и геополитичкиот ризик на Иран поради неговата важност и прикриеност.

Американскиот претседател Доналд Трамп, според „Си-би-ес њуз“, кој се повикува на неколку извори, смета дека Фордо треба да биде онеспособен. Тој е запознаен со ризиците и можните придобивки од евентуално бомбардирање и според изворите, верува дека „нема многу избор“.

„Завршувањето на работата значи уништување на Фордо“, изјави еден извор за Си-би-ес.

Трамп со денови размислува за вклучување на САД во ескалацијата на конфликтот, а вчера им рече на новинарите дека сè уште не донел конечна одлука. Си-би-ес објави дека претседателот сè уште разгледува опции и дека сè уште не е донесена одлука./Извор:Makfax

error: Соддржината е заштитена.